Судењето на Николас Морли продолжи денеска во Основниот суд Струга со исказ на вештото лице Миле Попоски. Во неговиот извештај подготвен на барање на Основниот суд Струга во врска со тешката сообраќајна несреќа од втори Мај, во која настрадаа сопружниците Чепуњоски, се наведува дека причина за судирот е неприлагодената брзина на автомобилот порше што го управувал британецот Ник Морли.


Судењето продолжува во среда

Според вештакот, Морли возел со брзина 161,6 km/h, а брзината при ударот била 58 km/h. Одбраната на Морли го оспори извештајот на вештото лице Миле Попоски као неоснован и научно недокажлив и побара од судот да ги земе во предвид извештаите што на барање на одбраната ги изработија реномираниот форензичар Винко Гаица од Скопје и д-р Ричард Ламбер.

Кривичниот совет во Основниот суд во Струга го отфрли барањето на одбраната за проширување на доказната постапка со вештачењата на Винко Гаица и Ричард Ламбер. Главниот претрес во судскиот процес против британскиот државјанин Морли, попладнево е прекинат и ќе продолжи во среда со сослушување на сведокот на одбраната Метју Мек Конвил.

Г. Момироски