Проблемите со изградбата на автопатот Охрид – Кичево се сериозни изјави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Додаде дека се прават напори да се одблокира застојот на градежните работи со цел да се запазат роковите за изградба на започнатите кои делумно се пробиени.

-Навистина има проблеми кои се посочени и во извештајот од Агенцијата за државни патишта. Најголем дел се однесуваат на проектната документација која не соодветствува со реалноста која е на терен, имаме нестабилност на косините, имаме сериозна бројка на електро – енергетски објекти кои треба да се дислоцираат, имаме проблеми со експропријација. Правиме се што е во наша моќ дел од овие проблеми да отстраниме да се одблокира застојот во изградбата на автопатот се со цел колку толку да ги запазиме роковите, имајќи предвид дека рокот за изградба на автопатот Миладиновци – Штип истече на први мај. Граѓаните одвоиле огромни суми на пари, а интерес за овие случаи пројави и СЈО. Ние како влада презедовме обврска автопатите Охрид – Кичево и Милафиновци – Штип, како и Смоквица – Демир Капија ги завршиме до крај и тоа ќе биде така. – изјави во Охрид министарот Сугарески.

Неофицијално изградбата на автопатот Охрид – Кичево, покрај тоа што ќе го пробие рокот (февруари 2018г.), ќе чини многу повеќе од предвидената сума од 374 милиони евра. Изведувач на автопатот е кинеската компанија „Синохидро“ со подизведувачи од Македонија, а средствата се обезбедени со кредит од Кина.

Г.М.