Единствениот амбиент и врвната акустика на катедралната црква Света Софија, му дадоа на традиционалниот годишен концерт од ОМУ „Методи Патче“ нова димензија. Публиката која синоќа го гледаше и слушаше концертот можеше да ужива во убавите ноти отсвирени и отпеани од сите 26 ученици кои настапија. Скоро сите од нив, изминатиов период добиле награди и признанија на разни домашни и интернационални натпревари и фестивали.


Скоро двочасовниот концерт имаше убаво финале кога сите инструменталисти заедно со хорот на школото, го завршија настапот со звуци од Моцарт и рестилизирана патриотска македонска песна. Општ заклучок беше дека сите ученици „добро се припремиле за концертот и дале се од себе на сцената“.

насловна: Миланка Новеска, Прва награда по солфеж на државен натпревар во Битола

С. Костоски     
фото: Дигитал фото Мики