Во последните 24 часа во Германија се регистрирани 50 смртни случаи од коронавирус. Бројот на новозаразени изнесува 4 994.  Досега вкупниот број на потврдени случаи на зараза со ковид-19 во Германија е 36 508, додека бројот на починати е 198.

Во Франција, претседателот Емануел Макрон ќе ја ангажира и армијата. Тој го најави почетокот на воената операција „Отпорност“ (Résilience) поврзана со коронавирусот. Тоа значи, како што се приближува врвот на новата епидемија на коронавирусот во Франција, вооружените сили ќе се мобилизираат за да им помогнат на населението и службите да се справат со епидемијата. Статистиките од вчеравечер покажаа дека француските власти за 24 часа регистрираа 231 починат од коронавирусот. Со тоа вкупниот број на смртни случаи изнесува 2 827. Бројот на досега заразени е 25 233.

Бројот на новозаразени со коронавирус во Италија паѓа веќе четврти ден по ред, што укажува на стабилизирање на кризата. Размерите на епидемијата во Италија се најлоши во светот. Таму сега има 57,5 ​​илјади активни случаи. Од рекордните 4.821 нови случаи во саботата, бројката е 3.957 во неделата, 3.780 во понеделникот, 3.612 во вторникот и 3.491 во средата. Сепак, бројот на смртни случаи сè уште е голем. Вчера починале 683 лица, со што вкупниот број на жртви достигна 7.503. Вкупно закрепнати се 9.362 лица, а бројот на пациенти на интензивна нега, кој внимателно се следи поради недостиг на кревети, денес е зголемен за само 2,9 проценти на 3.489 пациенти.

Во САД досега се заболени околу 60.000 луѓе, а починале повеќе од 800.

Во Шпанија се заразени речиси 50.000 лица, во последните евидентирани 24 часа починале 738, а вкупно починати се 3.434, со што за стотина е надминат бојот на вкупно починати во Кина.

Со 528 заразени и петмина починати, Словенија е водечка од земјите од поранешна Југославија. Хрватаска има 442 заразени и еден починат, Србија – 384 заразени и четири починати, Косово – 71 заразен и еден починат, Црна Гора – 53 заразени и еден починат, Босна и Херцеговина, исто како и Македонија, има 177 заразени и тројца починати. Албанија, која вчера прогласи вонредна состојба, има 146 заразени и петмина починати.

OhridNews