Со овој празник го славиме раѓањето на Синот Божји, неговото доаѓање на земјата и љубовта која го принудила да го земе човековото тело, да ги живее на земјата сите несреќи на човековата судбина и да го даде својот живот за нас. Затоа човечкиот род го слави Божиќ веќе со векови. Секој ден со нас и по нас, расте бројот на оние кои молат и пеат: “Слава му на Господ за мирот на луѓето со добра волја на земјата”. Среќен Божиќ!!!

Католиците денеска го слават Божиќ-раѓањето Христово

Според Грегоријанскиот календар, на денешен ден бил роден Исус Христос, Син Божји. Низ целата планета синоќа се одржуваа полноќни миси во слава на Спасителот, а традиционално главната церемонија беше во Рим каде Папата Бенедикт синоќа заедно со 36 кардинали отслужи миса која беше пренесувана во многу земји.
Во Католичката Црква во Охрид, синоќа и утринава се одржаа миси на кои се славеше Исус и неговото дело.

Божиќ се слави насекаде низ светот, а посебно блескаво за празникот изгледа Њу Јорк…


Божиќ во Њујорк

ohridnews