Обновено: Свети Климентовиот храм Св. Пантелејмон на Плаошник од вечерва во ново светлосно руво
18.04.20 17:03
23.00 Духовниот храм на Плаошник, на врвот од светиот рид, кој заштитникот на градот и Македонската православна црква, Св. Климент Охридски, го посветил на Св. Пантелејмон, вечерва блесна во ново светло.
Во рамки на проектот „Охрид град на светлината“, што го иницираа проф д-р Зоран Тунтев и ЛК Лихнидос, подобрено е осветлувањето на Свети Климентовиот храм Св. Пантелејмон на Плаошник, кој од сега ќе биде впечатливо воочлив од далечина слично како црквата Св. Јован Канео и Самуиловите тврдини.
Интензивно се работеше 5 дена. Поставивме 50 метри лед лента, 20 нови рефлектори, и ги осветливме трите крста. Осветлувањето од јужна страна е изведено на начин комплексот да биде лесно забележлив и од поголема дистанца. – рече проф. Тунтев.
Новото осветлување на духовниот храм на Плаошник се случува непосредно пред големиот православен празник Велигден, кој оваа година, поради мерките за заштита од ширењето на коронавирусот, верниците ќе го одбележат во своите домови. Богослужбата, пак, што ќе се одржи на Плаошник, а со која ќе чиноначалствува Митрополитот Плаошко – струшки, Дебарско – кичевски и администратор Австралиски г. Тимотеј, во сослужение само на неколку свештеници, ќе може да се проследи низ директен пренос на нашиот портал, што заеднички вечерва со почеток во 23.30 часот ќе го реализираат OhridNews и Мега продукција.
Изминатите години благодарение на ЛК Лихнидос и професорот Тунтев подобрена беше илуминацијата на најрепрезентативните сакрални и културно – историски објекти во стариот дел на Охрид како Св. Јован Канео, Св. Софија, Св. Богородица Перивлепта, музеј куќите Уранија и Робевци и други.
Во рамките на годишната програма и богатата културна понуда, НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид го најавува музичкиот настан „Циклус на концерти: Мозаик на жанрови“ Концертот ќе се одржи...
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалуваат за 5,00 денар по литар, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува, одлучи денеска Регулаторната коми...
Во рамки на 8-то коло од ракометната Супер лига ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Еурофарм Пелистер 2 Ни следи натпревар со екипата на Еурофарм Пелистер 2 Фаворитската улога мораме да ја оправ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.