Свети Константин и Елена црквата ги прогласила за светци и рамноапостолни. Константин е роден во Ниш на 27 февруари 274 година и е син на висок римски старешина. По смртта на татко му во 306 година станал цар.

Црквата Св. Константин и Елена во Охрид

Мајка му Елена многу добра и побожна жена го советувала да не ги напаѓа христијаните туку да ги заштитува зошто тие се добри луѓе. За време на школувањето во царскиот двор Константин со болка во душата гледал како царските војници ги мачат и убиваат христијаните.

Подоцна кога станал римски цар пред една битка Константин размислувал на кој бог да му се моли. Во тоа време на небото забележал огнен крст и натпис: “Со овој ќе победиш”. Тоа го виделе и неговите војници. Тогаш цар Константин наредил да се стават крстови на сите знамиња. Во оваа битка Константин жестоко го победил непријателот. Потоа донесол закон, познат по името Милански едикт во 313 година со кој го забранил прогонот на христијаните, им дозволил да градат храмови и во нив да се молат. Тогаш голем број христијани со нивни средства изградиле цркви во кои се молеле. Цар Константин ги повикал свештениците да го крстат и тој бил првиот цар што бил крстен. И Константин изградил повеќе цркви, а тоа го направила и мајка му Елена. Мајка му Елена изградила голема црква на местото каде што бил распнат Исус и каде што подоцна во 326 година го пронашле крстот на кој бил распнат.

Константин умрел во градот Никодимија на 22 мај 337 година по 32 години царување. Според личната желба неговото тело било погребано во специјално за таа прилика изграден гроб во црквата на Свети Апостоли во Цариград.

Царицата Елена умрела на 18 август 327 година . Според некои сведоштва умрела во Палестина, а по две години моштите биле пренесени во Цариград и погребани во црквата на Светите Апостоли.

OhridNews