Во периодот кога е најтопло времето народот празнува три дена како што се вели од оган. Тоа се празниците посветени на Светите маченици Кирик и Јулита, Светиот маченик Антиоген и неговите 10 ученици и Светата маченица Марина (Огнена Марија).
Се верувало дека кој ќе работи во текот на овие празници ќе страда од оган, ќе му изгори куќата, или бидејќи е време за жетва само од себе или од небесен оган ќе се запали и ќе изгори целата сеидба, како пожнеаното така и нежнеаното. Некаде се верува дека ќе изгори само тоа што е пожнеано тој ден. Во народот овие три дена се нарекуваат Горешници (од оган-горење) или во други места Чуруци (пак од чур-чад, чурење-чадење на оган).
За време на римскиот цар Диоклецијан кога бил извршен жесток прогон на христијаните настрадала и светата маченица Јулита со својот петгодишен син Кирик. Јулита рано останала вдовица и живеела во градот Иконија. Кога месниот владетел Александар разбрал дека Јулита станала христијанка ја повикал и најпрвин со убедување се обидел да ја поврати во многубоштво. Но кога во тоа не успеал ја уценил со нејзиниот син. Тогаш Јулита се уплашила но синот и дал знак да не се откажува од вербата во Христа поради што разбеснетиот владетел со нога го турнал од вториот кат и детето на место останало мртво. Потоа Јулита била мачена и со меч и била отсечена главата. Тоа се случило во 296 година.
Дел од моштите на Светите маченици Кирик и Јулита беа чувани како вредна реликвија во црквата Света Богородица Болничка во Охрид која датира од 14 век, но исчезнаа во кражба која се случи во мај 2006 година.
Од 5 до 7 јуни Охрид по 10ти пат повторно ќе живее во ритамот на трчањето, забавата и дружењето Над 2700 тркачи од 31 држава од светот ќе бидат дел од јубилејното 10 издание на атлетскиот викенд „О...
Заврши акцијата „Цветни балкони – Цветен Охрид“ Утрово се поделени и преостанатите количини од предвидените 400 жардиниери со саксиско цвеќе Годинава со акцијата беа опфатени жителите од улиците „П...
ГРК Охрид ја освои титулата во ЕХФ Европскиот куп, а еден од најзаслужните за трофејот секако е јапонскиот интернационалец Косуке Јасухира Тој има краткорочен договор со ГРК Охрид кој истекува по з...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.