Светиот Великомаченик Теодор Тирон
живеел во понтискиот град Амасија за време на римскиот цар
Максимилијан. За време на владењето на овој цар извршена е најжестока
хајка против христијаните. Тогаш настрадал и Светиот Великомаченик
Теодор.Тој не сакал да се откаже од Христа и на паганските богови да им
принесе жртва поради што бил затворен и мачен. Но и во затворот не се
уплашил од смртта и пеел црковни песни поради што бил осуден на смрт со
запалување и бил запален на клада на 17.02.306 год. Затоа на овој ден
се празнува споменот на Светиот Великомаченик Тодор. Но народот
празнува уште еден празник посветен на овој светец. Тоа е Тодорова
сабота, како се вика првата сабота од Велигденските пости, односно
првата сабота по Прочка. Овој празник е подвижен и зависи од Велигден.

Јасминка Т. Момироска