Денес се одбележува празникот посветен на светите маченици Хрисант и Дарија и други со нив. Хрисант беше единец син на еден велик бојарин Полемиј, којшто од Александрија се беше преселил во Рим.

Како син на богати родители Хрисант ги изучи разните светски школи, а ги имаше за учители најучените луѓе. Но светската мудрост го збуни и го остави во неизвесност околу прашањето што е вистина. И тој тагуваше заради ова. Светиот маченик Панхариј родум од Вилапата во Германија. Беше висок чиновник на дворецот на царевите Диоклецијан и Максимијан. Прво се одрече од Христа, но посоветуван од мајка му и од сестра му, се врати во верата и загина за неа во 302 година.

OhridNews