На 60-годишна возраст, како последица од срцев удар, вчера, почина еден од најдобрите фудбалери во историјата Диего Армандо Марадона. Неговата ненадејна смрт го зави фудбалот во црно. Речиси сите клубови, моментални и поранешни фудбалери со посебни пораки се збогуваат со Марадона, кој идентично привлекуваше внимание на теренот и надвор од него. Со топката беше незадржлив, а исто така и во приватниот живот кој беше исполнет со многу турбуленции, борба со алокохолот и дрогата.

Најемотивна порака за збогум испратија фудбалскиот клуб Наполи и навивачите. Во клубот од Неапол, Марадона го одигра најдобриот фудбал во кариерата, а „азурите“ за возврат доживотно од употреба го повлекоа дресот со бројот 10. Наполи исто така најави дека стадионот „Сан Паоло“ ќе биде преименуван и ќе го носи името на Марадона. Навивачите со свеќи пред муралот на Марадона во градот му оддадоа последна почит на еден од најголемите фудбалери на сите времиња.

Сите ги очекуваат нашите зборови. Но со кои зборови да ја опишеме болката низ која моментално поминуваме. Сега е време за солзи и почит, за најголемиот во историјата. – стои во објавата од Наполи.

Бразилската легенда Пеле не го заборави својот помал брат, иако, ривалството помеѓу Бразил и Аргентина често ги поминува спортските граници.

Какви тажни и ужасни вести. Изгубив голем пријател, а светот изгуби легенда. Толку многу работи останаа да се кажат, но се надевам дека господ ќе им даде сила на неговите најблиски да издржат во овие тешки мигови. Сигурен сум дека еден ден ќе играме фудбал на небото! – напиша Пеле на социјалните мрежи.

Од Марадона се просторија најголемите фудбалери моментално Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Многу тажен ден за сите аргентинците и светскиот фудбал. Не остави, но не заминува, бидејќи тој е вечен. Ги чувам сите убави моменти, кои ги поминав со него и сакам да испратам сочувство до семејството и неговите пријатели. 

Лионел Меси

Се простувам од пријател, а светот од генијалец. Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Магионичар со топка. Замина прерано и остави празнина која никогаш нема да се пополни.

Кристијано Роналдо

Вчерашните мечеви во Лигата на Шампиони започнаа со минута молк во знак на почит кон Марадона, а и денешните натпревари од Лигата на Европа ќе бидат во знакот на аргентинскиот виртуоз.

OhridNews

 

Почина Диего Армандо Марадона!