Минималната температура во Охрид утрово се спушти до петтиот степен Целзиусов, информира Управата за хидрометеоролошки работи – УХМР. Најстудено утрово било во Берово каде се измерени -2 степени.

До крајот на денот ќе преовладува сончево време и свежо, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен североисточен ветер. Максималната температура во Охридскиот регион ќе достигне до 17 степени.

Во наредните денови се очекува покачување на дневните температури кои на места ќе достигнат до 27 степени Целзиуосови, а утринските и натаму ќе бидат пониски и ќе се движат во интервал од -1 до 10 степени, информира УХМР.