Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (24/25.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на СВР Охрид 3 лица не ја почитувале забраната за движење (Струга-2, Кичево-1).

Тие се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Во истиот период, на 5 лица им се издадени решенија за изолација, а 5 лица потпишале изјави за самоизолација. – информира СВР Охрид.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не биле евидентирани лица-прекршители на препорачаните мерки.

OhridNews