Денеска во Културно-информативниот центар „Култура 365“, беше промовирано првото литературно остварување на младата и талентирана авторка, Викторија Пановска.

Романот чиј наслов гласи „The Seven“ напишан на англиски јазик, претставува еден искрен пристап од тинејџерскиот апспект на Викторија, кој воглавно се заснова врз значењето на пријателството.

На овој ден се случиле значајни работи во историјата. Токму денешниот претставува значаен датум во историјата на Пановска и нејзиното творештво. Она што генерално можам да го кажам за книгата како нејзин промотор, е тоа дека Викторија пренесува силна порака за тимската работа, посветеност на задачата и значењето на пријателството.“ – истакна промоторот на книгата, м-р Лидија Размоска.

Размоска додаде дека за создавањето на првата книга од надежната Викторија Пановска, неминовна е упорноста, а фактот што авторот има само 11 години и пишува на англиски јазик, сведочи за големината на нејзиното дело.

Содржната во книгата е поделена во 22 поглавја меѓусебно поврзани според редоследот на настани и секое поглавје е означено со засебен наслов кој навестува што ќе се случува. Речениците се јасни, концизни и богати по мислата што авторот сака да ја пренесе. Стилот на раскажување кој се негува во книгата е лесен и разбирлив за читателите, што упатува на фактот дека авторот на свој и непосреден начин, со сигурност и се приближува на читателската публика. Ликовите и настаните опишани во романот се производ на фантазијата на Викторија, преку што се докажува нејзината креативност и способност за комуникација со читателот.“ – додаде Размоска.

Младата авторка Викторија Пановска, истакна дека преку пишувањето на англиски јазик, книгата ќе биде достапна не само на македонскиот читател, туку и на пошироката јавност.

Основниот мотив во книгата е мистеријата што се случува во школото, односно како тоа ги спријателува учениците кои стануваат другари. Книгата е пишувана на англиски поради тоа што полесно ми е да се изразам на тој јазик и затоа што сакав да има поголема публика меѓу  читателите.“ – истакна Пановска.

За идниот период, Викторија го најави второто продолжение од своето дебитанско остварување.

Инаку, Викторија Пановска е ученичка во шестто одделение во ОУ „Христо Узунов“ во Охрид.

О.Т.