Викендов, во колеџот „Јахја Кемал“ се изврши свечено доделување на дипломи на матурантите кои годинава го завршија средното образование во ова училиште.

На свеченоста  присуствуваше и градоначалникот Никола Бакрачески кој на матурантите им посака понатамошни успеси со желба да се посветат на стекнување  повисоко образование што е  еден од основните услови за успех.

При тоа, градоначалникот им ги врачи дипломите на првенците на генерацијата, охриѓанката  Бранка Бунташеска и Никола Таштаноски, кои со своите научни достигнувања станаа охридска гордост во светски рамки.

Двајцата млади таленти, Бунташеска  и Таштаноски се дел од Советот на млади при Општина Охрид.

OhridNews