По подолго време вон сезона, охриѓани ќе имаат прилика да проследат театарска премиера. Се работи за претставата „Граница“, работена по текст на Венко Андоновски, а во режија на младата Софија Ристеска.

Претставата е копродукција на новите Битолски драмски мал театар и Охридскиот мал театар. Улогите ги толкуваат актерите Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ, Никола Тодоровски, Јоана Попоска и Борис Чоревски.

Премиерата ќе се одржи утре во нетипичен театарски амбиент во претседателскиот апартман во хотелот Инекс. Претставата ќе можат да ја проседат тринаесетина гледачи кои ќе се движат заедно со актерите низ собите.

Деталите за овој невообичаен театарски проект ќе бидат соопштени на прес конференција денеска.

Ohridnews