Во сабота времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер. Во недела ќе има зголемување на облачноста со повремени локални врнежи од дожд, поинтензивни на југозапад каде ќе бидат проследени со грмежи. Ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика пад на дневната температура за околу 5 степени. Од понеделник ќе преовладува сончево и топло време со позначителен пораст на дневната температура.
OhridNews











