На повисоките места и планините утринските температури и денеска беа под нулата. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Повеќе облачност ќе има во западните делови, каде е можна и изолирана појава на краткотраен дожд, особено во охридскиот регион. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кон крајот на денот ќе се промени во јужен. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 15 степени Целзиусови.

Наредните денови под влијание на топла воздушна маса и јужно струење температурите ќе бидат во пораст. До четврток ќе преовладува стабилно и значително потопло време со умерен јужен ветер, а од петок се очекуваат повремени врнежи од дожд и опаѓање на дневните температури.

OhridNews