Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 42-годишно лице од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 17-ти септември, во Струга, по претходна расправија, пријавениот физички нападнал 30-годишен стружанец и му нанел тешки телесни повреди.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава и против 39-годишно лице од село Франгово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 27-ми септември во Франгово, по претходна расправија, пријавениот со остар предмет нападнал 18-годишно лице од Франгово и му нанел телесни повреди.
OhridNews