Владиката Тимотеј смета дека документот што денеска српскиот патријарх Порфириј му го врачи на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан, е всушност акт со кој се потврдува написмено она што српскиот патријарх го соопшти во Скопје.
Тој во изјава за Сител телевизија вели дека ова е дел од процесот до конечно добивање на официјалниот Томос од Вселенскиот патријарх.
Сега почнува процесот. Тие се согласуваат и сега го даваат тоа во писмена форма. Ќе ги информираат сите православни цркви, и почнува процесот, рече владиката Тимотеј.

Со овој чин на СПЦ се отвори и процесот за стекнување на Томос за автокефалност, кој двете сестрински цркви очекуваат да биде доделен од страна на вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Г. г. Стефан на заедничка литургија со патријархот Порфириј во Соборниот храм во Скопје обзнани дека Вселенската патријаршија ја прифатила молбата на МПЦ-ОА за сослужение што ќе се одржи во храмот во Фанар на роденденот Црквата, на празникот Педесетница (12 јуни).
OhridNews











