До пред триесетина години денешниот ден беше еден од најголемите празници во поранешна Југославија. На 25 мај се одбележиваше роденденот на маршалот Тито, или попознат како Ден на младоста. На овој де, илјадници ученици – титови пионери од сите краишта на Југославија подготвуваа специјална програма и кореографии за дочек на штафетата на младоста која поминуваше низ сите населени места и градови на Југославија, за на крај да биде однесена во Белград каде се случуваше централната прослава. Додека беше жив маршалот, штафетата му се предаваше нему, а традицијата продолжи и по неговата смрт, се до 1987 година.

За Тито се компонираа и песни, кои ги пееја најголемите музички ѕвезди во тоа време како Здравко Чолиќ, Оливер Драгојевиќ, Ѓорѓе Балашевиќ, Лепа Брена, Кемал Монтено, Неда Украден, Вајта, „Нови Фосили“…Посебно овие песни беа популарни на 25-ти Мај кога со голем „слет“ во Белград се одбележуваше Денот на младоста.

Колкав беше култот кон маршалот на просторите на поранешна Југославија, како изгледаше и што значеше Штафетата на младоста во бившата заедничка држава, погледнете во видеото оригинално подготвено од Хрватската телевизија, во кое се поместени и архивски снимки од посетата на Тито на Охрид во далечната 1967 година.

OhridNews