Според податоците на Европско- медитеранскиот сеизмолошки центар, во изминатите неколку часа регистрирани се два земјотреси во близина на Косел. Првиот се случил во 4.13 часот утрово со јачина од 2.5 степени со епицентар на 6 километри од Косел, на длабочина од 3 километри.

Вториот е регистриран во 7.30 часот со јачина од 2.4 степени на 3 километри оддалеченост од Косел и на длабочина од 2 километри.

OhridNews