Бранителот на титулата, Вигор Скопје и Изградба Комерц Младинец се финалисти во Вардар Осигурување Првата женска кошаркарска лига. Двете екипи ги добија своите полуфинални серии со 2:0 во победи, и ќе го повторат финалето на Купот на Македонија, каде, пред малку повеќе од еден месец, Вигор Скопје славеше со 73:67.

Кошаркарите на Вигор со победа во Охрид, над Билјана (76-56), стиганаа до финалето каде ќе го бранат минатогодиншниот трон.

Охриганки пружија отпор, го дадоа својот максимум во првиот дел од натпреварот кога успешно му парираа на актуелниот освојувач на купот(38-40)

Скопјанки прашањето околу победникот го решија на стартот од третиот период кога ја направија одлучувачката серија 14-0.  Изостана помошта за Балазоска (30 п) од останатите.Практично таа беше оставена сама да се бори со шампионот.

Епилогот е јасен, нова победа за Вигор која им дава шанса да ја одбранат титулата.

Со овој пораз, за жал, го завршуваме нашето учество за оваа сезона. Но, кога ќе се направи анализа на она што ние како екипа го постигнавме, сметам дека зад нас стои голем успех. Завршувањето на четвртата позиција во регуларниот дел, поразот кој му го нанесовме на Вигор Скопје, сепак се успех за нас. За следната сезона ќе свртиме нова страницаа за Билјана 006. Ќе бидиме многу посериозни и поорганизирани, но, пред се, ќе направиме тим, кој ќе се заснова на млади играчи, кои се од школата Колибри, вели тренер играчот на Билјана 006, Весна Балазоска

Финалната серија ќе се игра до три добиени натпревари, започнува на 10 мај, а Вигор Скопје стартува со 1:0 во победи, и со натпревар на домашен терен.

Билјана 006 – Вигор 56-76 ( 18-20, 20-20, 9-19, 9- 17)

Сала Б.Извори. Гледачи 50. Судии Андоновски и Поповски (Битола).

Билјана 006 : И.Ангелоска , Тилоска  , Спасеска , Балазоска 30 , Горичан, Булоска, Н.Кузеска 9  Патчева , Ј.Кузеска 3  Стерјовска, Миладиновска 8  , Ж Ангелоска  6.

Вигор : Н. Секулоска 6 , Јаневска 10, А. Секулоска .Живковиќ 7, Тантуровска 34, Ацковска 12, Лескароска,  Раденковиќ4, Бондикова, Домлевска 3.