Под влијание на топла воздушна маса од југ продолжува периодот на сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност во текот на денот. Попладне наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи.
Максималната температура во Охрид денеска ќе достигне 32 степени, а утре се очекуваат 34 степени.
Продолжува периодот на сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Дневната температура во некои места ќе достигне до 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови. Во четврток и петок ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи.
Г.М.













