Утре, 29 септември 2026 година, е третиот уписен рок за студенти во прва година на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид.
Идните студенти можат да изберат тригодишни или четиригодишни студии од областа на компјутерските науки и инженерството, комуникациските мрежи и безбедноста, машинската интелигенција и роботиката, информатичките системи, визуелизацијата, дигиталната мултимедијална и анимациска техника, како и дигиталната бизнис аналитика, велат од Универзитетот.
Подетални информации за слободните места, потребната документација и условите за запишување, посочуваат, се достапни во Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии, објавен на веб страната www.uist.edu.mk и на социјалните медиуми на Универзитетот.
OhridNews











