Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 15 септември и се слави споменот на Светиот маченик Никита
Родум од Готите, ученик на епископот Теофил Готски, кој учествуваше на Првиот Вселенски Собор. Кога кнезот Готски Атанарик почна да ги мачи христијаните, тогаш Св. Никита застана пред кнезот и го изобличи за безбожништво и нечовечност. Мачен со страшни маки, Никита с ѐ посилно ја исповедаше верата Христова и Му се молеше на Бога со благодарност. И умот непрестајно му беше воздигнат и вдлабочен кон Бога, а на градите под облеката ја држеше иконата на Пресвета Богородица со предвечниот Младенец Христос, во став на стоење кога во рацете го држи Својот крст. Св. Никита ја носеше оваа икона бидејќи Пресвета Богородица му се јави и го утеши. Најпосле мачителот го фрли Христовиот војник во оган, во којшто маченикот издивна, но неговото тело остана неповредено од огнот. Неговиот другар Маријан го пренесе телото од Готската земја (Влашка и Бесарабија) во Киликија во градот Мопсуест, каде што му изгради црква на Св. Никита и неговите чудотворни мошти ги положи во таа црква. Свети Никита пострада и се прослави во 372 година.
Македонскиот визуелен уметник Сашо Блажес учествува на изложбата на 53 Premio Suzzara во Италија со делото „Scorched Reflection (Synthetic Geology)“, создадено во 2026 година Блажес е меѓу 76-те ум...
Утре, 29 септември 2026 година, е третиот уписен рок за студенти во прва година на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св Апостол Павле“ во Охрид Идните студенти можат да изберат триг...
Променливо облачно со сончеви периоди Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди Максималната температура ќе достигне до 22 степени ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.