Од денес до 14-ти мај, во Конгресниот центар во Охрид се одржува 3-тата Меѓународна научна конференција Охридска школа на правото. Тема на годинешната конференција е „Ефикасната заштита на човековите права и слободи-реалност или идеал“.
Свеченото отворање на конференцијата ќе биде во 16.30 часот. Поздравен говор ќе има Деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, проф. д-р Горан Коевски, а пред присутните ќе се обрати и претседателот на Нотарската комора на РМ, Васко Кузманоски.
OhridNews












