Долни сарај

2020-09-18 11:00 - 2020-09-20 22:00

Од 18-20 септември Битрикс Културен Центар, поддржан од Европската делегација и Europe House Skopje и Министерството за култура, на летната сцена Долни Сарај во Охрид, по шести пат ќе го организира тродневниот фестивал на урбани танци “Битрикс Танцова Лига”.

Станува збор за интернационален танцов фестивал и камп кој вклучува разновидна програма, меѓу која ќе се реализираат многу танцови работилници од над 30 домашни и интернационални кореографи, како и вечерни настани отворени за пошироката јавност кои ќе изобилуваат со интересни активности, а кои потекнуваат од урбаната култура.

Покрај дневните танцови работилници предвидени се три настани отворени за целата публика и тоа:

18/09 “MOVIE NIGHT”
Со почеток во 22:30h ќе се прикажува документарниот филм за хип-хоп културата кај нас “Сложувалка” на Александар Ковиловски. Станува збор за проект поддржан од Американската амбасада во Скопје и во рамките на кој Александар документира и интервјуира голем број на домашни хип-хоп артисти.

19/09 “ALL STYLES BATTLE”
Втората вечер со почеток во 21:30h ќе се одржи “All Styles Batlle” – танцова битка во слободен танц која ги презема правилата на подземната урбана сцена и ги соочува танчарите едни против други, да ги покажат своите способности. Судии на овој battle се минатогодишниот победник Стефани Пецалевска (Битрикс), Милена Манева (ВАЈБ) и Никола Планка (Србија).По битката следува забава со DJ NASTY / SURE SHOTZ .

20/09 “Young Choreographers & Showcase Night”
Со почеток во 19:30h ќе се одржи и последниот настан од фестивалот во рамките на кој ќе се претстават повеќе млади кореографи со свои кореографски парчиња, како и неколку тимови од целата земја со свои перформанси.
По овој дел повторно следува забава со DJ Nasty.

Вечерните настани се отворени и влезот е слободен, а ќе се реализираат на сцената на “Долни Сарај” – Охрид.

Битрикс танцова лига е единствениот фестивал и камп од ваков тип во земјата, а е еден од најголемите кампови на Балканот.

OhridNews