Веслачите на веслачкиот клуб  “Југ“-Охрид,  со солидни резултати се вратија од Интернационалната веслачка регатта “Трофеј на Београд“ која се одржа минатиот викенд.

Александра Иваноска во дисциплината Скиф за Јуниори го освои второто место, Александар Иваноски во комбинација со Марјан Николоски од ВК Црн дрим од Струга го освоија второт место.

Петар Рупески И Јован Делов во дисциплината дубл скул за јуниори го освоија третото место и бронзен медал.

М. Постолоски