Долни Сарај

Од 06.08.2022 - 22:00 до 07.08.2022 - 00:00

Здружението на џез музичари и слободни уметници – ЗЏМ Скопје, пред себе постави нов предизвик, да и презентира на македонската публика уште еден несекојдневен настан.

Овој пат, ЗЏМ ја одбра музиката на уште еден великан кого „The Rock and Roll Hall of Fame“ ќе го опише како „веројатно најголемиот инструменталист во историјата на рок музиката“.

Станува збор за американски гитарист, пејач и текстописец, поточно еден од највлијателните гитаристи во историјата на популарната музика и еден од најпознатите музичари на 20 век, Џими Хендрикс.

ЗЏМ Биг Бендот ќе изведе дел од музиката на оваа музичка легенда со биг бенд аранжмани, при што специјален гостин на концертот ќе биде италијанскиот саксофонист Франческо Беарцати, а со биг бендот ќе диригира Џијан Емин, информираат.

Концертот ќе се одржи на 6 август, со почеок од 22 часот (вратите се отворени од 21:30ч.) на локацијата на летната сцена Долни Сарај во Охрид.

Овој концерт е уште една причина да го посетите Охрид ова лето и да уживате во музилата на Џими Хендрикс, во волшебниот амбиент на Долни Сарај. Бидете таму, не оставајте други да ви кажуваат како било!- порачуваат од ЗЏМ.

OhridNews