„Како понатаму-ЛДП знае!“ е мото на трибината што во организација на Либерално демократската партија на Македонија, ќе се одржи денеска во Охрид.

На трибината ќе присуствуваат претседателот на партијата Јован Манасиевски и членовите на највисокото партиско раководство Ѓунер Исмаил и Ристо Пенов.

Трибината ќе се одржи во 18ч. во големата сала на општина Охрид.

Во рамки на посетата на Охрид, лидерот на ЛДП, Манасиевски, ќе оствари средба со локалнаото раководство и членови на партијата, и ќе гостува во емисијата „Вкрстено“ што во понеделник се емитува на локалната Тв М.

ohridnews