Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941 – 1945 и  граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца, по повод 37 годишнината од смртта на Јосип Броз Тито и 114 години од смртта на Гоце Делчев, организира Свечен собир – трибина  во просториите на Организацијата. Трибината ќе се одржи утре, 4-ти мај, со почеток во 11 часот.

За животот и делото на Јосип Броз Тито и Гоце Делчев ќе зборува Наце Иваноски – професор по историја.