Плато пред Центар за култура Охрид

Од 18.09.2020 - 19:00 до 18.09.2020 - 21:00

Овој петок, 18 септември, во организација на Центарот за култура „Григор Прличев“, по триесет и втори пат ќе се одржи манифестацијата „Охридски староградски средби.

Ќе настапат Градскиот хор „Вокс Лихнидос“ Охрид, КУД „Пере Тошев“ Прилеп, Градски хор „2019“ Штип, КУД „Никола Бадев“ Кавадарци, Тамбурашки оркестар „Серенада“ Тетово, КУД „Илинден“ Струга и „Распеани гевгеличани“ Гевгелија.

Манифестацијата ќе се одржи на платото пред Центарот за култура со почеток во 19 часот, со почитување на мерките за заштита од Ковид 19.

Г.М.