На 26.08.2018 година во 20.45 часот во полициската станица Дебар било пријавено дека во куќа на улица „1-Мај“ во Дебар, извршено e тројно убиство.

Засега непознат сторител, влегол во куќата сопственост на А.П.(54) и пукал кон него со пиштол, по што ги усмртил и неговата сопруга Н.П.(53) и нивната 14 годишна ќерка.

Извршен е увид на местото на настанот предводен од Јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителот, информира СВР Охрид.

OhridNews