Синоќа во 22 часот, на улицата „Партизанска“ во Охрид, бил нарушен јавниот ред и мир од 44 годишен граѓанин на Охрид.

Тој, во алкохолизирана состојба, удирал на металната врата од Католичката црква. Потоа, ги присилувал неговите малолетни деца да тропаат по куќите на истата улица, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

Нарушителот е приведен и задржан во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додава Димовски.