Големи количини најразличен отпад може да се забележи по течението на реката Црн Дрим во Струга. Ова е глетката која ги пречекува и бројните странски туристи кои престојуваат во охридско-струшкиот регион и кои одлучиле да дојдат и ги видат природните убавини на регионот.

Граѓаните се жалат дека ваквата состојба е подолг период и дека надлежните воопшто не преземаат активности за чистење на отпадот од реката.

Купишта отпад со години наназад има и пред влезот на Струга, покрај коритото на реката Црн Дрим.

Ohridnews