Во рамки на одбележување на 8 мај – Светскиот ден на Црвениот крст и Неделата на Црвениот крст (8-15 мај), а во пресрет на празникот на големите просветители Св. Кирил и Методиј, Клубот за грижа за стари лица при Црвен крст Охрид објавува литературен и ликовен конкурс на тема „Хуманоста во заштита на човековото добро и достоинство“.

На конкурсот може да учествуваат сите кои ја сакаат ликовната уметност и секој вљубеник во пишаниот збор. Ликовните и литературните творби (во вид на проза или поезија) може да се доставуваат во просториите на Црвен крст Охрид, ул. Димитар Влахов бр. 52, или да се испратат на е-маил: [email protected], најдоцна до 19 мај 2017 г.

Творбите треба да бидат потпишани од авторот со податоци за име и презиме, возраст, контакт телефон и адреса на живеење.

Конкурсот ќе трае од 02.05. до 19.05.2017.

Пристигнатите творби ќе ги оценува посебно формирана стручна комисија, а за првите 3 најдобро оценети следат интересни награди, ибфоемиратт од Црвен крст Охрид.

OhridNews