Светскиот првак Шпанија обезбеди пласман во полуфиналето на Купот на Конфедерации откако забележаа убедлива победа 10-0 против „аматерит“ од Хаити.


Канонадата кон голот на “белите“ шпанците ја почнаа во Фернандо Торес во 5-та минута. До крајот на мечот постигна уште три погодоци, а не успеа да реализира удар од белата точка.

Со три погодоци втор стрелец во селекцијата на Шпанија беше Давид Виља, два пати прецизен беше Давид Силва, а еднаш Хуан Мата.


Шпанија со две победи е лидер во групата додека втората рунда ќе се комплетира со дуелот помеѓу Нигерија – Уругвај.

Мх.П.