Претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски од промотивно -протестниот митинг, што синоѓа се одржа во Скопје го повика лидерот на ВМРО –ДПМНЕ, Никола Груевски да го расчистат минатото, за да се ставело крај на таа тема, пренесува „Макфакс“.
„Никола, гледам дека ти и твојата партија наместо да зборувате за сегашноста и иднината многу повеќе сакате да се заниамвате со минатото, со тоа што се случувало во оваа земја пред 10,15,20 години. Ајде тогаш таа работа конечно да ја расчистиме“, изјави Црвенковски на вечаршниот митинг на СДСМ во Скопје.
Тој го повика Груевски на ТВ дуел пред целата македонска јавност, препуштајќи му да го одбере местото и времето.
„Никола, или прифати го овој предизвик за соочување, или замолчи на оваа тема еднаш засекогаш“, рече Црвенковски.
Тој оцени дека животна желба на Никола Груевски била да стане Бранко Црвенковски.
Лидерот на СДСМ на своите симпатизери кои присуствува на вечерашниот митинг пред Владата, им вети победа на претстојните избори, којашто ќе се прославела на градскиот стадион.
„Ако ни го дадеа стадионот вечерва, како ли ќе лажеа дека не не’ има 60 илјади, туку шест илјади. Затоа сме вечерва тука, па нека не’ бројат колку сакаат. Тие нас вечерва, а ние нив ќе ги изброиме не 5-ти јуни“, рече Црвенковски.

„Ви ветувам чесна работа и ви ветувам тим, којшто ќе стои во првите редови, ама не за себе, туку за секој од вас, за секој граѓанин на оваа држава, која што повеќе не сака да се дели на наши и ваши“, порача Шекеринска.
Според неа, власта ќе продолжи со притисоци, уцени и валкани игри затоа што нема што ново да понуди.
Шекеринска, меѓу другото, вети дека доколку стане премиер, во државата ќе воведе минимална загарантирана плата од 9.000 денари, а секој граѓанин над 65 години ќе добива пензија.
„Денес сме овде сме да кажеме дека меѓу нас се решенијата за вистинските проблеми во државата. Формиравме тим, кој е искусен, а свеж. Тим кој е свесен за проблемите, ама има храброст, сила и одлучност да ги решава“, рече Шекеринска.

Во име на носителите на изборните листи се обрати Зоран Заев, кој ги повика присутните на 5ти јуни да не дозволат Македонија да остане бастион на едноумието.
„Граѓаните добро не познаваат кои сме и какви сме. Ако може да има инвестиции во Струмица, Карпош, Охрид и Куманово, ви ветувам дека ќе има инвестиции по цела Македонија“, рече Заев.
Тој им порача на граѓаните дека најголемата а инвестиција ќе ја направат на 5ти јуни, доколку на изборите гласаат за бројот 10.
извор: „Макфакс“










