Балканскиот рис за кој се знаеше дека живее и на планината Галичица, долго време не беше забележан во националниот парк, се до изминатиот викенд, кога ова ретко и заштитено диво животно беше „уловено“ од камерите поставени покрај репродуктивниот центар за обнова на популацијата на елени.

Опремата која беше инсталирана во Националниот Парк Галичица со проектот #naturemk штотуку го евидентираше присуството на балканскиот рис на територијата на Паркот, веднаш до оградата од репроцентарот за европски елен. – објави Методија Саздов од Македонското еколошко друштво нна Твитер.

Статусот на балканскиот рис е критично загрозен поради фактот дека бројот на возрасни единки кои се способни за репродукција е помал од 50 и, според стандардите на Меѓународната унија за заштита на природата, тој е на праг целосно да исчезне од нашата фауна. Причина за тоа се криволовот, драстичното намалување на неговиот плен и уништување и фрагментација на неговите живеалишта.
Г.М.
Маркетот сега е на само еден повик оддалечен од вашата врата











