Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија ја претстави туристичката понуда на Македонија на еден од најзначајните настани во туристичката индустрија за 2017 година, “World Travel Market” во Лондон. На овој водечки настан во туризмот туристичката понуда ја претставија 5000 дестинации кои се вмрежија со 51.500 публика, од професионалци во туристичката индустрија, купувачи, новинари и различни влијателни личности.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот оваа година ја претстави туристичката понуда на Македонија преку различни видови на активности, комуницирајќи ги можностите за одржлив туризам кои ги нуди земјава. Настанот на кој присуствуваше туристичката елита од целиот свет официјално беше отворен со дискусијата на UNWTO и Министерскиот самит-Растот на туризамот: растот не е непријател, туку како ние го менаџираме. Фокусот на овој Самит каде присуствуваше и директорот Донев беше во насока на дискусија на проблемите и очкеувањата до 2030 година, обезбедување на одржлив развој, јавни политики и стратегии за справување на притисокот врз природните и културните ресурси, како и зголемување на дијалогот помеѓу туризмот и локалните заедници – нивна соработка и координација.

Во рамки на WTM Лондон, директорот на АППТ Донев оствари средби со голем број тур-оператори од Англија и светот кои изразија интерес за соработка со Македонија, како и бројни медиумски куќи кои го презентираа нивниот капацитет и иновативност која би придонела за промоција на Македонија.

OhridNews