Ученици и професори од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ и годинава земаа учество на Саемот на добавувачи од балканските земји SUBEX 2023 кој се одржа во Скопје.
На форумот посветен на дуалното образование пред присутните ученици и професори се обратија директорот на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија, Антје Ванделт, раководителот на делот за глобално професионално образование во Дрекслермајер, Барбара Гербер како и министерот за образование и наука, Јетон Шаќири.
Во рамките на оваа манифестација се изврши свечено доделување сертификати за успешно положен завршен испит по германски терк на учениците од профилите- техничар за индустриска мехатроника и техничар за производно машинство. Исто така, на годинешниот SUBEX 2023 беа промовирани учениците од прва година од паралелките- техничар за индустриска мехатроника и техничар за производно машинство на кои им беа дадени ученички ранци за среќен почеток на нивното школување во дуално образование, инофмрираат од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.

OhridNews














