На покана на директорот на Агенцијата за Супервизија на Осигурувањето, Климе Попоски, делегација од основното училиште „Христо Узунов“, составена од наставници и уценици посети повеќе институции од областа на финансиите и осигурувањето на Република Македонија.
Во Агенцијата за супервизија на Осигурувањето на РМ учениците беа запознаени за потребите од осигурување, видовите на осигурување и начинот на кој се врши осигурувањето.
Потоа беше посетена и Комисијата за Хартии од вредност на РМ, каде делегацијата беше примена од Претседателот на комисијата, Елизабета Чингаровска која на учениците им одржа предавање за тоа што се хартиите од вредност и како се тргува со нив.
Потоа се посети и канцеларијата на КД Фондови-повеќе штедење каде на учениците им се објасни што се тоа фондови и на кој начин може да се штеди во нив.
Крајна дестинација беше посетата на Народна Банка на Македонија, односно музејската поставка на Нумизматичката збирка која ја поседува НБМ со што учениците и наставниците беа запознаени со паричните средства кои од минатото до ден денешен се употребувале во Македонските држави.
OhridNews
На покана на директорот на Агенцијата за Супервизија на Осигурувањето, Климе Попоски, делегација од основното училиште „Христо Узунов“, составена од наставници и уценици посети повеќе институции од областа на финансиите и осигурувањето на Република Македонија.
Во Агенцијата за супервизија на Осигурувањето на РМ учениците беа запознаени за потребите од осигурување, видовите на осигурување и начинот на кој се врши осигурувањето.
Потоа беше посетена и Комисијата за Хартии од вредност на РМ, каде делегацијата беше примена од Претседателот на комисијата, Елизабета Чингаровска која на учениците им одржа предавање за тоа што се хартиите од вредност и како се тргува со нив.
Потоа се посети и канцеларијата на КД Фондови-повеќе штедење каде на учениците им се објасни што се тоа фондови и на кој начин може да се штеди во нив. Крајна дестинација беше посетата на Народна Банка на Македонија, односно музејската поставка на Нумизматичката збирка која ја поседува НБМ со што учениците и наставниците беа запознаени со паричните средства кои од минатото до ден денешен се употребувале во Македонските држави.











