На неодамна одржаниот државен натпревар по математика основците од „Григор Прличев“ беа меѓу најуспешните учесници.

Седмоодделенецот Теофил Сиљаноски , под менторство на професорката Марика Бубеска освои втора награда, додека пак Теодор Недевски од осмо одделение под менторство на професорката Анита Николоска беше трето награден.

Трето наградена беше и ученичката Теона Никоска од ОУ „Кочо Рацин“ под менторство на Силвана Крстеска.

Со тоа тројцата охридски ученици, заедно со уште 45 од останатите градови од Македонија, се пласираа за учество на 18-тата Мала македонска математичка олимпијада што ќе се одржи на 31- ви мај во Скопје.

OhridNews