Мартин Димитриевски од охридското основно училиште „Кочо Рацин“ со најдобри резултати во натпреварувачката, помала категорија на Регионалниот натпревар „Пионерски семафор-2017“ за училиштата од југозападниот дел на Македонија, што се одржа во Кичево. Тој го освои првото место, а четвртото место го освои неговата соученичка од истото училиште, Христина Вељановска.
Тимот на „Кочо Рацин“, предводен од менторот Јулија Крстева, во екипен генерален пласман го освои второто место, а првото место го освои екипата на Кичево.
Според предвидените пропозиции, најдобро пласираните шест ученици во двете категории од Регионалниот натпревар, ќе земат учество на Републичкиот натпревар „Детски семафор-2017“ што во сабота, на 20-ти мај, ќе се одржи во Скопје.
OhridNews















