Продолжуваат хуманитарните акции за помош на настраданите од поплавените подрачја во Србија и Босна и Херцеговина.
Општинската организација на ГРОМ од Охрид, предводена од претседателот Љупчо Настоски организираше собирање на храна, облека, средства за хигиена и вода. Собраните средства членовите на ГРОМ Охрид ги доставија до најблискиот пункт на Црвен крст со цел да бидат препратени во загрозените подрачја.
Акција се одржа и во ОУТУ „Ванчо Питошески“. Се донираа средства за лична хигиена, нерасиплива конзервирана храна, училишен прибор, храна за деца, тестенини, големи количества вода, облека и постелнина, млеко во прав, пелени, како и парични средства кои ќе бидат донирани на сметките за помагање на луѓето.
– Горди сме што сме Македонци, горди сме на нашите ученици и професори. Покажавме дека имаме големо срце, дека сме училиште на солидарност. Ова е уште еден потег кој е за поздравување. Нашите срца се со луѓето од Босна и Србија, изјавија учениците.
Од училиштето потенцираат дека целта е и да се развие свеста за хуманост кај најмладата популација за изградување во една здрава и хумана личност.
OhridNews













