На регионалниот натпревар по македонски јазик, учениците од подрачното и централното училиште „Григор Прличев“ го освоија првото место.

Натпреварот се одржа изминатиот викенд во ОУ „Братство единство“ во Охрид, а учествуваа ученици од Охрид, Струга и Кичево. Првото место го поделија ученичките Елена Шаптеска од подрачното училиште „Григор Прличев“ нас. Рача под менторство на проф. Кире Стојаноски и Искра Атанасова-Митуш од централното училиште „Григор Прличев“ под менторство на проф. Сузана Маленкова.

Ученичките освоија вкупно 98 бодови од можни 100. Темите за натпреварот беа следни: Фонетика и фонологија, Акцент и акцентски целости, Правопис, Видови стилови.Расказ и видови раскази, Видое Подгорец (живот и творештво), делото „Втората смена“ од Велко Неделковски, Коста Рацин (живот и творештво) и стихозбирката „Бели мугри“ (мотиви, структура, стилски фигури во песните), Драмски изразни форми, Васил Иљоски и драмата „Чорбаџи Теодос“ и Ристо Крле и драмата „Парите се отепувачка“.

Следен предизвик е државниот натпревар на 20.5.2017 на кој уште еднаш треба да се покаже колку се владее и сака македонскиот јазик.

OhridNews