Јужниот ветер кој на моменти засилено дува, предизвикува помали проблеми во Охридско.

На повеќе локации искршени се гранки од дрвја, а оштетен е и дел од лимената ограда покрај каналот Студенчишта.

Разбрануваното езеро, пак, им предизвикува проблеми на бродовите и другите помали прловни објекти, кои засолниште наоѓаат во се потесниот канал Студенчишта.

Попладне ќе биде променливо облачно и нестабилно, претежно во северозападните делови со краткотраен пороен дожд, грмежи и силен ветер (со брзина и над 70 км/час). Максималната температура во Охрид ќе достигне 18 степени.

Во сабота претпладне се очекува променливо облачно време. Попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец, информира УХМР.

OhridNews