Времето денеска претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, кој повремено ќе засилува.
Утрово во 6 часот во Охрид се измерени 19,4 степени, а максималната температура ќе се искачи до 33 степени.
И во сабота не очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и наместа услови за краткотрајно невреме со силен ветер и појава на град.
Минималната температура во Охрид ќе се спушти д0 17 степени, а максималната ќе достигне 30 степени.
Г.М.











