Најстудено утрово е во Берово каде што се измерени нула степени. УХМР соопшти дека во 7.30 часот се измерени температури од 1 степен во Лазарополе, два во Битола, три степени во Скопје-Петровец, Тетово и Крива Паланка, четири во Прилеп, Струмица, Демир Капија и Попова Шапка, пет степени во Куманово, Охрид, Претор, Кавадарци, Дебар и Маврови Анови, шест степени се измерени во Скопје-Зајчев Рид, Велес, Штип и Крушево и осум степени во 8 Гевгелија и Виница.

Во Охрид ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне 18 степен.
Под влијание на влажен бран утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните и северните делови (над 20 l/m2). Наместа врнежите ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи. Преодно стабилизирање на времето ќе има во четврток. Нов влажен бран се очекува во петок попладне и во сабота кога ќе има врнежи од дожд проследени со локална појава на грмежи и засилен ветер од јужен и југозападен правец. Температурата од утре осетно ќе се намали.
OhridNews













